ЗАБРАНЕТО ПУШЕЊЕ

Колумни - Димитар Спасевски

Пишува : М-р. Димитар Спасевски

Во Куманово пееше Северина. Ја знајме по песните и по интернет снимките. За новогодишните празници во Куманово немаше вода. Скарани се тамошното "Водовод" и "Водостопанство" оти се од две различни партии. И така кумановци останаја не капени за нова година. Арно ама и Северена остана некапена. Се изнапеја и изнаигра и се изнапоти на плоштад во Куманово и мораја да ја пуштат некапена дома. Шо ти значи меѓупартиска борба за вода. Само уште му фалеше оној Командантот Вентили од ОНА да ги затвори вентилите на Липковската брана. Кумановци се учени без вода, ама Северина не е учена без вода. Кујзне шо не им кажа на пријателите кога се врати во Хрватска неоплакнета. Немаше вода ни да се подмие за Нова Година. И така си заработи 70.000 евра неискапена. Како да идеше од Сурвајвалот, а не од дочек на Нова Година во Македонија.

Во Новата 2010 година влеговме без пушење. Почна да се применва законот против пушење на јавни места. Е под такви места се сметаат и кафаните, кафичите, канцалариите сегде кај шо се оди и кај шо се пушеше. Од први јануари можи да си пушите по дома или во дворојте. Е сега по ново можи да се пуши пред портите на кафаните и кафичите и пред портите на јавните институции. Така кога ќе шетате ако видите дека има народ пред судот или пред општина немојте да мислите дека се спрема штрајк, луѓето си ги обавуват своите потреби за пушење. Не дека сум против овој закон како поранешен пушач, ама барем малку да се имаше разбирање за правата на пушачите. Вака излегва дека хомичите имат појќе права од пушачите. И чудо не видено. Сите мирно си го прифатија законот и инспекцијата не можеше да најди никој да го казни. Сите без многу вреве си ќутат и си пушат на улица. Само по некој газда од некој угостителски објек малку се побуни и ништо. Е кај се сега овие од Европата да не видат како се имплементира некој закон. Кај нив туку се бунеа, па штрајкуваа и негде успеаја да го менат законот за пушење. Ние стварно сме биле мирни, помирни шашма. Исти бевме и за време на АВНОЈ или за време на Илинденското Востание, или за време на некоја друга битка. Кубурата можи да се искористи кога се пуши цигарата на улица. И така ни започна Новата 2010 година со почитвање на законот против пушењето. Па со тој себап можи и бајаги да ги остат цигарите. Значи нема дупка во законот за пушење. Најлудата ноќ како шо ја викаат помина сегде достоинствено и на ниво. Најинтетресно му беше на кумановци. Во Куманово пееше Северина. Ја знајме по песните и по интернет снимките. За новогодишните празници во Куманово немаше вода. Скарани се тамошното ,,Водовод,, и ,, Водостопанство,, оти се од две различни партии. И така кумановци останаја не капени за нова година. Арно ама и Северена остана некапена. Се изнапеја и изнаигра и се изнапоти на плоштад во Куманово и мораја да ја пуштат некапена дома. Шо ти значи меѓупартиска борба за вода. Само уште му фалеше оној Командантот Вентили од ОНА да ги затвори вентилите на Липковската брана. Кумановци се учени без вода, ама Северина не е учена без вода. Кујзне шо не им кажа на пријателите кога се врати во Хрватска неоплакнета. Немаше вода ни да се подмие за Нова Година. И така си заработи 70.000 евра неискапена. Како да идеше од Сурвајвалот, а не од дочек на Нова Година во Македонија. Како да идеше од Сурвајвалот, а не од дочек на Нова Година во Македонија. Добро е шо заврши големиот Брат па нема да имаме потреба да ја вртиме програмата поради немање на друга работа. Незнам шо се случи со она Фармата не ја гледам појќе. Со Идолите заврши сезоната. Сегде мислам дека даваја по 100.000 евра на победникот. За 100 дена, за 5 месеци ако издржиш со глупости, за 100.000 евра. Да ги заебиш другите и да заработиш поштено. Чудо едно од воспитна програма за децата и младината. Како шо тргнаја со големите браќа и фарми и опстаноци, на крајот сите ќе станиме реално шоу за пари. Можи да се снима сегде низ државата. Само шо ќе нема кој да ја гледа програмата кога сите ќе бидат реално шоу во живо. Никој ништо не работи, само за да добие награда за глупоста. За оваа 2010 година кујзне шо не ќе му истекни да се прај за некојси 100.000 евра.

 

Add comment


Security code
Refresh

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Банер