ЗА НАТО И ЕУ 105,4%
Колумни - Димитар Спасевски
Пишува : М-р. Димитар Спасевски

Колку тие поќе не неќат и не притискат, толку ние појќе ги сакаме. Шо ти значи неостварена љубов. Шо појќе не не примат во НАТО и Европската Унија ние можиме уште појќе да го зголемваме процентот на поддршка. Незнам дали ни е препорачано освен да си го мениме името дека ќе треба да си го мениме и личниот опис. И ние одма со поголема поддршка по анкетите од над 100% за НАТО и ЕУ. Ако продолжат да не не примат во НАТО и ЕУ можи нашата поддршка ќе се искачи и до 200% посто, па ќе можиме и да влезиме во книгата на Гинисови рекордери во поддршка. Дали сте ЗА ,,законот,, за пушење и промена на името на државата, со право на влез во НАТО и Европската Унија.
Како шо тргнаја работите да пуштаме војници во Авганистан ќе ни снема војска за по земјата. Ќе останиме без војници. Значи за да се покажиме колку го сакаме НАТО ако треба и полицајци ќе пуштаме во Авганистан за да му дајме демократија. По статистика сме пуштиле 4% од број на војниците шо ги имаме доам. Тоа значело според бројот на жители и број на војска сме на четвро место во одбраната на демократијата во Авганистан од земјите шо се вклучени од целиот свет. Ама ние не сме членки во НАТО. А да бевме чл;енки кујзне шо армија ќе пуштевме. И така според анкетите за во НАТО се изјасниле 92% од македонците, а за ЕУ 95%. Значи кажано по јазикот на Амди Бајрам за во НАТО сме 104,4%, а за во Европската ни унија 105,4%. Она 4% го одредва бројот на војници шо можиме слободно да го пуштаме по светот за да носи демократија. И така нашата подршка се зголемва со зголемвањето на притисокот и од НАТО и од Европската Унија за да го мениме името на државата. Колку тие поќе не неќат и не притискат, толку ние појќе ги сакаме. Шо ти значи неостварена љубов. Шо појќе не не примат во НАТО и Европската Унија ние можиме уште појќе да го зголемваме процентот на поддршка. А не како хрватите кога се случи спорот со Словенија и кога поддршката за НАТО и Европската Унија му падна на триесеттина проценти. Е таков народ се тие неразбрани, а ние си сме таман по светските стандарди на наведната гла сабја не ја сечи. Колку појќе го тепаш тој појќе те сака. За право излезе една невладине организација Менка или Ленка се викаше, ама после некоја недела од ко заминаја војниците во Авганистан. Се јавија против то да има наша војска во Авганистан и наместо војници, да сме пуштале хуманитарна помоиш. Е и војниците се хуманитарна помош за носење на демократија. Туку думата ми беше за спорот со Грција и менвањето на името ако сакаме и во НАТО и во Европската Унија. Еве и последната посета на Груевски во Брисел со генералниот секретар на НАТО Расмусен дека ако сакаме во НАТО ќе мора да го решиме проблемот со името. Добро е то шо имаше и фала од Расмунсен за бројот на војници од Македонија во Авганистан. Значи имаше фала за бројката на војници, а за влез во НАТО ќе мора да си го мениме името. Незнам дали ни е препорачано освен да си го мениме името дека ќе треба да си го мениме и личниот опис. И ние одма со поголема поддршка по анкетите од над 100% за НАТО. Ако продолжат да не не примат во НАТО и Европската Унија можи нашата поддршка ќе се искачи и до 200% посто, па ќе можиме и да влезиме во книгата на Гинисови рекордери во поддршка. Аритметичка прогресија, од негација да се добива позитивна поддршка. Колку поголема негација, толку поголема подршка. И удри по анкетите за поддршка. Е такви ти се анкетите. Слични како и анкетите на рејтинзите на политичарите и политичките партии. Нема грешна анкета, има грешно анкетирани анкетари. Во последно време само со анкети се расправаме, а поточно со точноста на анкетите. Не дека не се точни анкетите, ама ако малку се мени процентот тогаш за едните одма ќе бидат невистинити, а за другите вистинити податоците. Значи за вистинитоста на анкетите мора да се напрат анкети за анкетарите. Да се прашва дали вервате во анкетата на ИРИ-Мири или на Брима-Мима..Е после од тој резултат да се спореди вистинитоста и точноста на анкетата и ќе се добие резултат на резултатот од анкетата за анкетата добиена од анкетата. Туку шо прајме со пушењето. Никако да се напрај анкета за пушењето и законот против пушењето. Е тогаш ќе се види дали е оправдано или неоправдано пушењто пред кафичи и кафани. За референдумски и анкетни прашања сме тата мата. Можи да се напрај и анкетно-референдумско прашање за пушењто со право за влез во НАТО и ЕУ, па би гласело вака; Дали сте ЗА „законот” за пушење и промена на името на државата, со право на влез во НАТО и Европската Унија.

