“Јас знам дека таа ме сака“
“Јас знам дека таа ме сака“ е насловот на првиот македонски лезбо филм во режија на младата режисерка Софија Теодор чиј работен наслов во фазата на претпродукција беше “Необичен бакнеж“ за потоа во постпродукцијата се преименува во “Засекогаш ти“ и крајниот наслов за дистрибуција е “Јас знам дека таа ме сака“, што е воедно и завршен наслов на овој филм.

Филмот е експериментален или како што вели самата режисерка манифест за подигање на свеста кај лугето за прифакање на геј популацијата во земјата како и го крши табуто дека бракот како институција не е привилегија само на хетеросексуалците.
По бројните трибини и расправи и дискусии во Македонија за сексуалните слободи помеѓу истите полови, расправите во кои беа дури вмешани и политичките партии (во предизборните кампањи, секако) во Македонија се создаде и таков филм на идеја на споменатата режисерка, филм кој е оргинален и единствен во поглед на темата за љубовен однос помегу свекрва и снаа не само на Балканот туку и во Европа.Значи целата еуфорија околу заштита на правата на
хомосексуалцијте во Македонија доби и свое визуелно продолжување на темата. Режисерката на филмот Софија Теодор избра една многу необична љубовна приказна, која се случува помеѓу снаа и свекрва (со што се „руши„ шаблонот за вечното ривалство помеѓу нив) сместена во денешно време, во македонски услови на живеење. Една урбана драма која е инспирирана од секојдневиото кое не опкружува отсликувајки го Класичниот македонски маж во овој филм (го игра неодамна починатиот Бошко Бозаџиски) кој не посветува доволно внимание на својата млада сопруга,по што таа (Калина Наумовска) влетува во љубовна врска со својата свекрва (Викторија Анѓушева) која исто така е занемарена од својот сопруг кој само гледа фудбал и го интересираат спортските кладилници (Диме Илиев). Во филмот игра и дуајенот на македонското глумиште Гоце Влахов.
Сценариото е на Ева Камчевска, снимател е Кирил Шентевски, монтажер е Ванчо Иванов, продуцент е Симона Тоскиќ и Софија Теодор, во продукција на Ваноти продакшн.
Костимограф е Билјана Каровска,музиката е на Ристо Апостолов-Водолија,стајлингот на Ексајт студио.
Филмот е во траење од 23 минути, снимен на локации низ Скопје,а премиерно беше прикажан летово во Варна, Бугарија. Поради чувствителноста на темата која се обработува во филмот, неговата проекција во Македонија се случи март 2009 во Скопје,потоа повторно во Скопје на Скомрахи играше споменатиот филм,имаше и премиерно прикажување пред хрватската публика во Загреб на Раф фестивалот на 01.04.2009. као и низ останатие балканските земји,додека Европа и Светот е биде покриен преку негово учество на геј-лезбо фестивали. Македонската премиера беше во чест на неодамна починатиот актер кој ја носи главната ролја во филмот Бошко Бозаџиевски.

