Македонија
Последните македонски екипни претставници на евросцената, Работнички и Тетекс по завршените меѓународни обврски, на домашната сцена се аклиматизираа со реми, во последните натпревари од 2. прволигашко коло. „Романтичарите“ пред своите гледачи ремизираа со Напредок (0-0), а „текстилците“ како гости останаа непоразени во Битола против Пелистер (1-1).
На 4 кола до крајот на сезоната Силекс го изненади Работнички на домашен терен, па со тоа само направи услуга за првата титула на Ренова во фудбалскиот шампионат на Македонија.
Трета година по ред Фени Индустри успеа да се пласира во големото финале. Дури во четвртиот обид успеа да го совлада Торус на гости и со вкупни 3:1 во меѓусебната серија да се пласира во големото финале. Актуелниот освојувач на Купот го порази Торус со 74:82 и се избори за нова борба за шампионската титула, овој пат против Вардар Осигурување, која лани ја загуби од Работнички.
Ванчо и Филип Сарафови се познатите браќа кои ќе ја претставуваат Македонија во поединчна конкуренција на Европското првенство во чудо кое започна во Виена. Филип ќе настапи во категорија до 73, Ванчо до 81 килограм.


Вторникот беше посебен ден за Горан Пандев. Неговиот тим го декласираше европскиот шампион Барселона. Но денот го прави посебен и нешто друго. Сопругата на Горан Пандев, Надица, вчераутро во болницата во Милано го направи најсреќен Горан Пандев, донесувајќи на свет здраво машко дете.
Повеќе Артикли...
Лист 1 од 4


