Македонско-турско здружение „Ататурк“ - Битола
По повод Велигденските празници, членовите на Македонско-турското здружение “Мустафа Кемал Ататурк“, во соработка со Радио “Делфин“ и интернет порталот “Битолаинфо“, го посетија Дневниот центар за деца со посебни потреби во Битола. За штитениците на оваа установа подготвија празнична програма во која учествуваа вокалните интерпретаторки Маргарита Христова и Сања Ристеска, како и членовите на танцовиот клуб “Степ“. Децата со посебни потреби за црвените јајца и подароците кои ги добија од гостите, се заблагодарија со песна и насмевки.






Министерството за одбрана на Република Македонија и Делегација на вооружените сили на Република Турција денеска во Битола со воени почести и богата уметничка програма што ја приреди воениот оркестар на турскиот генералштаб, го одбележаа денот кога пред 111 години во овој град дипломирал таткото на модерна Турција, Кемал Ататурк.
Делегација на Здружението за македонско-турско пријателство „Мустафа Кемал Ататурк“ од Битола, во соработка со радио „Делфин“, веб порталот „БитолаИнфо“ и аудио-видео студио „АВС К-89“, по повод меѓународниот ден на жената 8-ми Март ги посетија штитеничките на Домот за стари лица ,,Суе Рајдер“ од Битола. Делегацијата како израз на почитување им подели цвекиња , накитени со љубов и топли насмевки на госпоѓите во домот, а покрај тоа и пригодни подароци и домашно изработени колачи, месени специјалитети и безалкохолни пијалоци. Сепак чувството е дека најповеќе радост кај домаќинките донесе блискиот разговор, за кој несебично беа спремни членовите на делегацијата. Делегацијата беше поздравена и од директорот на Домот , при што е договорена и понатамошна соработка на здружението и Дом за стари лица ,,Суе Рајдер.












На Изборното собрание на Македонско-турското здружение “Мустафа Кемал Ататурк“-Битола, член на Сојузот на турски здруженија во Република Македонија, МАТУСИТЕБ, одржано во саботата, беа избрани новите органи на управување на организацијата.
Македонско-турското здружение “Мустафа Кемал Ататурк“-Битола, кое неодамна се приклучи во МАТУСИТЕБ, на синоќешната седница, донесе Одлука за избор на нови органи на управување. На наредната седница закажана за седум дена, ќе се избира нов претседател, потпретседател и Управен одбор.


